Connect with us

Фудбал

И Георгина знае како да ја слави титулата на Јувентус: Ти си најдобар во универзумот

Синоќа Јувентус официјално стана шампион на Италија по деветти пат по ред.

Старата дама ја продолжи својата доминација на Апенините и на две кола пред крајот успеаја да решат сè. Јуве не блескаше оваа сезона, но сепак успеаја да станат шампиони и да покажат колку доминантни се во Серија А.

По натпреварот, фудбалерите на Јувентус знаеја како да ја прослават новата титула, а сега фокусот е на титулата во Лигата на шампионите, која со години е „болна рана“ на овој клуб.

Подобрата половина на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, знаеше како да му ја честита на нејзиниот избраник новата титула, синоќа се огласи на Инстаграм. Таа објавила фотографија со своите деца и испратила фантастична порака.

„Заедништвото дава сила и денес повторно сме шампиони. Не знам кој збор да го измислам за да ја опишам твојата посветеност и тоа што го претставуваш и правиш. Ти си инспирација за сите нас и најдобри во универзумот. Тоа го правиш 24 часа и 365 дена во годината во година, но тоа секогаш се исплатува. Не можеме да бидеме по горди на тебе. Прославуваме со пижама парти“, напиша Георгина.