Connect with us

Фудбал

И покрај убедливиот пораз, Клоп беше – задоволен!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше, верувале или не, задоволен по синоќешниот пораз од 4:0 од Манчестер Сити.

Граѓаните го совладаа новиот шампион на „Етихад“ во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата, но Клоп не беше незадоволен и рече дека играчите го покажале вистинскиот став.

„Видов брилијантен став. Не се однесувавме како некој што стана шампион пред седум дена. Сè беше во ред. Ни недостасуваше флуидност, тоа е сигурно. И околу 50-50 ситуации поминаа во нивна корист”, рече Клоп.

„Црвените“ станаа шампиони минатиот четврток за прв пат по 30 години, откако Манчестер Сити загуби од Челзи.

Фудбалерите на Ливерпул славеа седум дена и се очекуваше дека нема да бидат целосно подготвени за овој многу тежок натпревар во гости. Затоа поразот беше помалку очекуван и не повреди никого многу.