Connect with us

Фудбал

И Реал има свој клан: Четворицата се разделија, кога Анчелоти ги виде не се воздржа (ВИДЕО)

Како што има играчи со кои секој тренер сака да соработува, така има тренери кои многу играчи имаат желба да ги тренираат.

Со освојувањето на Лигата на шампионите, Карло Анчелоти испиша нови страници во историјата. Италијанецот можеби не е најтрофејниот, но никој нема толку престижни трофеи како овој стручњак.

За Анчелоти оваа сезона во Лигата на шампионите со Реал беше четврта во неговата тренерска кариера. Тој и претходно беше шампион со Лос Бланкос, а освои уште две како тренер на Милан.

 

Познатиот стручњак знае како да ја контролира соблекувалната и практично ги држи сите играчи заедно. И самиот беше одличен фудбалер, знае што им се допаѓа на играчите и често така се води.

 

Анчелоти има феноменален однос со сите играчи во соблекувалната на Реал, што воопшто не е лесно со оглед на големиот број на ѕвезди, но ако некој знае да одржува рамнотежа, тоа е популарниот Карлито.

 

Како во секој клуб, така и во Реал, постојат одредени групи или кланови на играчи кои се дружат и поминуваат поголем дел од времето заедно.

Во Реал тоа се младите играчи: Камваинга, Винисиус, Валверде и Родриго кои веќе се врвни играчи и сигурно ќе бидат уште подобри во наредните години.

 

Овој квартет при прославата се одвои од останатите и со оро ја прослави победата. Кога ги виде Анчелоти не се воздржа, им пријде и заигра со нив.

 

Уште еден потег на легендарниот Италијанец кој на одличен начин ја прикажува неговата личност и специфична тренерска харизма која го прави поинаков од останатите.