Connect with us

Други спортови

И Срѓан Ѓоковиќ се огласи: Светот направи заговор против Србите

Се уште е неизвесно дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен.

Светскиот рекет број еден синоќа доби решение за депортација од земјава, поднесена е жалба, а тој се уште е во притвор во озлогласениот хотел за имигранти во Мелбурн.

За се повторно проговори неговиот татко Срѓан, кој вчера беше доста активен кога го чекаше расплетот на ситуацијата откако Ноле слета во Австралија и заврши во притвор на аеродром.

“Го ставаат во валкани хотели, никој не го заслужува тоа. Тој е жртвено јагне затоа што сака да го промени светот, а тие сакаат да му ги отсечат крилјата. И луѓе како Скот Морисон, чие име кажува се. Сето тоа е страшно. го распнаа како Исус, тоа е вистински скандал“, изјави денеска Срѓан Ѓоковиќ.

„Пред 100 години бевме шест милиони, а денес нѐ има уште толку. Ама не можам ништо! Воодушевен сум од тебе, тука се луѓе од сите генерации, но сите исто мислиме. Новак е наш и никому нема да го дадеме. Секој ден ќе го поддржуваме нашиот Исус овде. Запалете свеќи во нашите православни храмови за Новак и за целиот либерален свет, за да се надмине одвратното однесување на овие ужасни политичари“, рече Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак на мегафон пред неколку стотици Срби пред Собранието во Белград.

Се чини дека најмирен остана неговиот брат Џорџ, кој истакна дека Новак не прекршил ниту еден протокол.

„Тој не прекрши никаков протокол, имаше соодветна документација, како и другите тенисери кои влегоа во Австралија на ист начин. Кога беше приведен, можевме да го контактираме, но по 45 минути му беше одземен телефонот и не се слушнавме еден со друг повеќе од три часа“, рече тој и додаде:

„Новак може да се врати во Србија пред понеделник, но ако доброволно ја напушти Австралија, автоматски ќе стапи на сила тригодишната забрана за влез во земјата. Тој се бори за она што го смета за морално и етичко и се надевам дека ќе победи, за целиот свет“.

Изгледа дека Новак Ѓоковиќ во неволјата во Австралија мора дополнително да се потруди да ги смири родителите, наместо обратно.

Да додадеме дека неговиот вујко Горан изјавил дека Австралијците го третирале Новак како шовинисти.