Connect with us

Фудбал

И тоа е можно: Гралиш не е „пијаница“ летово, го прекина одморот и прв дојде на подготовки

Џек Грилиш важи за најголемиот журкач во светот на фудбалот, но сега уште еднаш ги воодушеви навивачите на Манчестер Сити бидејќи го прекина одморот за да се подготви што подобро за новата сезона.

Грилиш сака да слави триумфи со пиење и забава, но никогаш во текот на сезоната. Исто така, она што не може да му се замери е начинот на кој тренира бидејќи секојдневно посветува многу внимание на тоа, а доказ за тоа се неговите секогаш издлабени мускули.

Летово англискиот фудбалер предвреме го прекина одморот бидејќи сака прв да се појави на тренинзите на Манчестер Сити, се со цел што подобро да се подготви за новата сезона.

Грилиш беше шокиран што го пропушти повикот на Герет Саутгејт за Европското првенство и оттогаш помина извесно време на одмор во Дубаи. Потоа отиде на Сардинија со својата девојка Саша Атвуд.