Connect with us

Фудбал

И Винисиус се согласи да потпише, се ќе биде направено во следните 10 дена

Ако некој напредувал минатата сезона тогаш тоа е дефинитивно Винисиус Јуниорс.

Благодарение на фантастичната сезона, Винисиус стана еден од најатрактивните фудбалери на денешницата, иако допрва треба да наполни 22 години.

Мадридска „Марка“ пишува дека се очекува Винисиус да потпише во следните десет дена откако ќе се договори за нов договор.

Навивачите на Реал можат да здивнат бидејќи Бразилецот нема да оди никаде, туку ќе остане во Реал и ќе ја продолжи соработката до 2026 или 2027 година.

Актуелниот договор му трае до 2024 година, а платата ќе му биде тројно зголемена, а од најниската категорија на плати во Реал ќе скокне во елитата.

Досега заработуваше 3,2 милиони евра годишно, а според новиот договор платата ќе му биде 10 милиони евра која може да се зголеми уште повеќе во зависност од резултатите.

Ќе се промени и откупната клаузула која од 350 милиони ќе скокне на една милијарда, што најдобро покажува колкаво значење му придаваат на Винисиус во Реал.

Одличниот напаѓач досега немал понуди од други клубови, но Реал не сака ништо да препушта на случајноста и решил навреме да обезбеди продолжување на неговиот договор.

Минатата сезона Виникус беше третиот играч на Реал со најмногу минути (зад Милитао и Куртоа). Тој ја заврши сезоната со 22 гола вклучувајќи го и победата во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул.