Connect with us

Фудбал

Иако дете на Барса, „Il Capitano“ се сели на Бернабеу

„Il Capitano“, Мауро Икарди е на чекор од најголемиот трансфер во неговата кариера. Според „Л’Екип“, аргентинскиот фудбалер е блиску до премин во редовите на Реал Мадрид и трансферот би можел да биде реализиран до крајот на јануари.

Францускиот весник ја пренесе информацијата дека Икарди веќе имал разговори со претставниците на Реал Мадрид на крајот од минатиот месец. Аргентинецот е заинтересира за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но реализацијата на трансферот во голем дел зависи и од Интер бидејќи Икарди е под договор со италијанскиот тим до 2021 година.

Пазарната вредност на Мауро Икарди моментно се проценува на 75 милиони евра, но имајќи го предвид тригодишниот договор, Интер за него може да бара и многу повеќе од оваа сума.