Фудбал
Ибра минува денови во изолација: Од балконот се сними самиот себе
Искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е во изолација веќе десет дена бидејќи е заразен со коронавирус.
Ибрахимовиќ ги пропушти претходните два натпревари на „росонерите“, но прашање е дали тој ќе биде подготвен за големото дерби против Интер, со оглед на тоа дека тој сепак е позитивен на коронавирусот.
Милан објави дека Ибра бил тестиран денес, и дека сите биле изненадени затоа што тој сè уште не се опоравил. Поради тоа, неговата изолација беше продолжена, а тој ќе биде повторно тестиран следната недела.
Ибрахимовиќ е во изолација во својот дом, а синоќа објави на Инстаграм каков поглед има од балконот. Се разбира, Ибра не би бил Ибра кога не би имал поглед кон билбордот на кој има само негова слика.