Фудбал
Ибрахимовиќ ја скрши шофершајбната на клупскиот автобус (ВИДЕО)
Иако на хартија е Швеѓанец, Ибрахимовиќ често знае да покаже дека потекнува од Балканот.
Познато е дека нашите луѓе полудуваат и понекогаш кога ќе ја изгубат контролата и ќе бидат малку понесени од атмосферата, прават работи за кои подоцна се каат.
Токму тоа му се случи на Ибрахимовиќ пред натпреварот Милан – Аталанта, кој на крајот Росонерите го добија со 2-0 и направија огромен чекор кон Скудетото.
По пристигнувањето на стадионот неколку илјади навивачи на Росонерите со голема поддршка го следеа тимскиот автобус, а во еден момент Ибра „полуде“.
Атмосферата го однела толку далеку што со двете раце удрил во шофершајбната на автобусот, за од силината на ударот стаклото да се скрши.
Возачот на автобусот со рака го покажал Ибри како да сакал да му каже дали видел што направил, по што легендарниот напаѓач се смирил.
Златан е познат како многу силна личност, а својата сила ја покажа и овој пат. Сигурно нема да му биде проблем да ги плати трошоците за поправка со оглед на тоа колку пари заработува.
Zlatan "Bruce Banner" @Ibra_official
Rompe il vetro del pullmann con un paio di manate 😂pic.twitter.com/5ZjWCLzZVn
— Simone Cristao (@SimoneCristao) May 15, 2022