Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ се запиша во историјата на ЛШ

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ стана првиот играч кој настапил за седум различни екипи во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ влезе во историјата на елитното натпреварување, откако синоќа настапи за Манчестер Јунајтед на гостувањето во Швајцарија кај Базел.

Јунајтед го загуби дуелот со 1:0, а Ибрахимовиќ ги одигра последните дваесетина минути.

Швеѓанецот претходно во ЛШ играше за екипата на: Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен.

Новиот рекордер во оваа категорија Златан Ибрахимовиќ, претходно го делеше првото место со Николас Ањелка и Хавиер Савиола, кои имаат играно за шест различни екипи во ЛШ.