Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Шведска не е истата репрезентација без мене

Најдобриот фудбалер на Шведска Златан Ибрахимовиќ нема да може да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата, но ги охрабри и порача дека тие имаат квалитет и без него да ја совладаат Италија во баражот за Светското првенство 2018.

– Очекувам интересни натпревари, многу тешки за двете екипи. Сите сакаат да играат на Светското првенство, па овие дуели ќе поразлични од квалификациите во групната фаза. Ако бев дел од тимот, очекувањата за Шведска ќе беа поголеми. Без мене, тимот не е толку силен, но нема притисок. Фудбалерите немаат многу искуство, но се со големи амбиции, истакна напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Шведска утре во Стокхолм ја пречекува Италија во првиот од двата дуела во плеј-офот за Мундијалот во Русија.