Фудбал
Ибрахимовиќ веќе избра нов број во Милан
Му олесни на Стефан Пиоли, но и на сите навивачи на „росонерите“. Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот на Милан и следната сезона.
На крајот на сезоната, повеќемесечниот договор на Ибрахимовиќ истече, а преговорите кои траеја неколку недели беа завршени на взаемно задоволство.
Швеѓанецот договори едногодишна соработка со Милан, а според информациите од Апенините, тој ќе заработи 7 милиони евра.
Ибрахимовиќ, исто така, одлучи да го смени бројот на дресот. Тој носеше 11 во својот прв мандат, 21 минатата сезона, додека во новата сезона ќе биде број 9 на неговиот грб.
Патем, во втората половина на сезоната 2019/20, Ибрахимовиќ успеа да постигне 11 гола на 20 одиграни натпревари во дресот на Милан и покажа дека се уште е во форма, иако има 38 години.