Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Во МЛС ќе ја завршам кариерата

Искусниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ стави точка на гласините за неговата иднина.

Ибрахимовиќ кој денеска настапува во МЛС, претходните недели се поврзуваше со Милан, и се изгледаше дека тој трансфер е пред реализација, меѓутоа на крајот следуваше продолжуваше на договорот со ЛА Галакси.

И покрај сите медиумски натписи, Иибрахимовиќ одлучи да остане во сегашниот клуб, а МЛС ќе биде неговата последна станица во кариерата.

„Се се’ зборуваше, но јас не го напуштам клубот. Имам уште работи кои треба да ги завршам тука. Мојата прва сезона беше само загревање, другата ќе биде поинаква. Сега лигата и противниците ги познавам подобро, а со тоа и физички се чувствувам подобро. Овде дојдов да ја завршам кариерата“, порача Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во 2018. година во дресот на ЛА Галакси постигна 22 голови и 10 асистенции во 27 натпревари.