Connect with us

Фудбал

Идилата во ПСЖ се распаѓа: Нејмар и Мбапе го изолирале Икарди, Ванда бесна?!

Францускиот „L’Equipe“ пишува дека идилата во ПСЖ се рспаѓа. Икарди е фрустриран со фактот дека Нејмар и Мбапе не го „дружат“ на теренот. Интер практично го избрка од клубот во летните месеци, а неговата Ванда Нара му обезбеди трансфер во ПСЖ.

Се одлично тргна за контроверзниот Аргентинец. Даваше голови како на лента и тоа додека го немаше Нејмар, односно додека беше повреден. Но, дојде февруари, Нејмар се врати во тимот, а расположението на Икарди нагло се промени.

Во последните четири мечеви, шансите ги чекаше од клупата, а кога би заиграл, Мбапе и Нејмар практично не го „дружеа“. Поради тоа наводно збеснала неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара, која смета дека нејзиниот сопруг заслужува да биде стандарден првотимец.

Дали ќе се повтори Интер, односно дали ПСЖ ќе го откупи, или по завршувањето на сезоната Икарди ќе биде во друг клуб, останува да се види.