Фудбал
Игор Тудор доби неверојатна понуда: Андреа Пирло го сака како асистент во Јувентус
Андреа Пирло започна да го составува својот стручен персонал, а тој испрати понуда за асистент на Игор Тудор.
Се очекуваше денес да се донесе одлука за сè, но бидејќи Тудор има договор со Хајдук до 2022 година, Јувентус мора официјално да го контактира клубот од Сплит.
Тудор доби понуда од Пирло пред неколку дена, наводно сè уште не е донесена одлуката, но тешко е да се верува дека може да ја одбие.
Постојат две опции, а тоа е за Јувентус да плати обештетување на Хајдук или за Тудор да го раскине договорот со сегашниот клуб на нивна штета.
Прашањето е што ќе одлучи Тудор, но јасно е дека ова е можност која се појавува многу ретко во неговата кариера, а ретко кој би го одбил тоа.