Connect with us

Фудбал

Играчите на Реал добија нови автомобили, погледнете кои модели на БМВ кои ги избраа, Васкез и Виницус ги земаа најскапите(ФОТО)

Првотимците на Реал Мадрид ќе пристигнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ со нови автомобили за дербито против Атлетико, бидејќи сите добија нови БМВ на подарок. Ова е трета сезона во која BMW ќе го спонзорира мадридскиот клуб, а играчите на Реал можеа да избираат помеѓу пет различни модели, iX2, iX, i5 и 7 меѓу 100 отсто електричните модели, како и XM меѓу хибридните модели.

Најскапите модели ги избраа Лукас Васкез и Винисиус Јуниор, поточно BMW i7 M70 xDrive вреден 186.650 евра и кој располага со 659 коњски сили. Килијан Мбапе и Џуд Белингам го избраа BMW XM, кој вреди 179.000 евра и има 653 коњски сили. Истиот модел го избраа и легендарниот хрватски играч за врска Лука Модриќ како и Родриго, Дани Карвахал, Тибо Куртоа, Дани Себаљос, Давид Алаба и Фран Гарсија.

Арда Гулер, Брахим Дијаз и Едер Милитао го избраа моделот BMW i7 xDrive 60 кој располага со 544 коњски сили и вреди 139.550 евра, а Андриј Лунин, Феде Валверде, Едуардо Камавинга и тренерот Карло Анчелоти го избраа BMW i5 M60 xDrive1 кој има 6 коњски сили во вредност од 114.450 евра.

Ендрик и Ферланд Менди беа наградени со BMW iX xDrive50 вреден 108.650 евра, кој има 523 коњски сили, додека Хесус Ваљехо избра BMW i5 xDrive 40 од 79.500 евра, кој има 394 коњски сили. Најскромни во изборот на автомобили беа Антонио Рудигер и Аурелиен Чоамени кои го избраа BMW iX2 xDrive30 вреден 58.550 евра, кој има 313 коњски сили. Како што е вообичаено, во наредните недели девојките на Реал Мадрид и кошаркарите на мадридскиот состав ќе добијат нови автомобили.