Connect with us

Тајмаут

Играчот на Вардар Тигран Барсегјан заврши втор во изборот за најдобар фудбалер на Ерменија

Фудбалерот на Вардар Тигран Барсегјан, се најде на второто место во изборот за најдобар фудбалер на Ерменија за 2017 година. Во изборот кој што го направи фудбалската Федерација на Ерменија, Барсегјан се најде на втората позиција зад играчот на Манчестер Јунајтед, Хенрик Мхитарјан.

Ова е големо признание за Барсегјан, кој што во оваа година успеа да освои титула со Вардар во македонскиот шампионат, а потоа беше еден од заслужните за пласманот на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, со оглед дека постигна гол на натпреварот со Фенербахче на првиот натпревар во Скопје, кога Вардар успеа да триумфира со 2:0.