Connect with us

Фудбал

Игуаин ја пропушта средбата со Аталанта

Аргентинецот Гонзало Игуаин не се најде во групата од 19 играчи на тренерот Масимилијано Алегри за денешниот полуфинален дуел на Јувентус со Аталанта во Купот на Италија.

Најдобриот стрелец на „бјанконерите“ доживеа повреда на зглобот на натпреварот со Торино минатата недела.

Во последните денови се појавија оптимистички информации дека Аргентинецот ќе биде подготвен, но тоа не се случи.

Надвор од тимот останаа и Бентанкур, Квадрадо, Бернадески и Де Шиљо.

Јувентус има предност од 1:0 од првиот дуел во Бергамо.