Connect with us

Фудбал

Игуаин се поблиску до Милан, потврди и Марота

Милан и Јувентус и ова лето ти требало да тргуваат, но никако да се договорат.

Леонардо Бонучи сака да се врати во Јувентус, а „Росониерите“ се подготвени да го пуштат, но ако „Старата дама“ ги отстапи правата на младиот стопер Матија Калдара.

Покрај сагата околу Бонучи, паралелно се водат и преговори околу Гонзало Игуаин, искусниот Аргентинец за кого нема место во Јуве покрај Кристијано Роналдо, па ќе мора да најде нов клуб.

Иако го сака и Челзи, Игуаин би останал во Серија А и трансферот во Милан не е нереален, а тоа го потврди и директорот на „Бјанконерите“ Џусепе Марота.

„Новиот директор на Милан Леонардо добро го познава Игуаин и го сака во Милан, но постојат некои прашања кои треба да се решат. Постојат уште многу нешта што треба да се решат за да се оствари трансферот“, порача Марота во разговор за „Gazzetta dello Sport“.

Наводно Јуве за Игуаин бара 60 милиони евра, а сега не е исклучено во тој трансфер да биде вклучен и Бонучи, но како што кажа Марота, претстои долг пат…