Connect with us

SPORTM.mk

ИХФ одговори на жестоките критики од Словенците

Со поразот од Египет, Словенија остана без четврт финалето на ракометниот Мундијал во Египет.

По испаѓањето, Словенците имаа поплаки во врска со судењето, но тие испратија и сериозни обвинувања до ИХФ дека дури 12 играчи се затруле со храна и дека некои играчи врескале од болка пред мечот со Египет.

ИХФ одговори на овие обвинувања на Словенците.

„ИХФ се повикува на наводите на Словенечката ракометна федерација по последниот натпревар во главната групна фаза во врска со фактот дека на неколкумина нивни играчи им се слошило за време на Светското првенство. Словенечката федерација не доставила никакво барање до ИХФ во тие два дена. Федерацијата ќе отвори истрага и ќе побара од владиниот орган одговорен за контрола на квалитетот на храната да даде изјава и да испита дали навистина има труење со храна “, рекоа од ИХФ.