Connect with us

Фудбал

Икарди: Ако тоа е најдобро за Интер, тогаш заминувам

Интер синоќа неочекувано поразен со 2:1 од Сасуоло до Џузепе Меаци, и најверојатно ќе остане без Лигата на шампионите.

На овој начин, Интер, очигледно, се збогуваше со Лигата на шампионите, бидејќи на Лацио денес и поен кај Кротоне му е доволен за да го обезбедат четврто место.

Најдобар стрелец и капитен на Интер, Мауро Икарди е разочаран, дури е подготвен и да го напушти клубот.

„Како и секоја година, ќе разговарам со клубот. Ако е добро за клубот да останам, ќе останам ако не тогаш ќе заминам“, рече Икарди, додавајќи:

„Јас секогаш работам најдобро за нашиот тим. Разочарани сме, сакавме да победиме, но Сасуоло одигра фантастичен натпревар, а голманот Андреа Консигли го имаше натпреварот на живот на нивниот гол“.

Интер се уште има мала надеж дека на крајот ќе стигне до Лигата на шампионите со помош на некое чудо.

„Се надевам дека Кротоне ќе го запре Лацио и дека ќе имаме можност во директна борба против Лацио да стигнеме до нашата цел”, заклучи Аргентинецот.