Фудбал
Икарди најдобар играч во 2018 година
Капитенот на Интер, Мауро Икарди е прогласен за најдобар фудбалер во 2018 година, кога е во прашање италијанската Серија А. Аргентинскиот интернационалец е првиот играч во последните седум години кој ја освојува наградата, а не е член на Јувентус.
Последен пат тоа го направи Златан Ибрахимовиќ во 2011 година како фудбалер на Милан. Шампионот Јувентус и оваа година има свој претставник меѓу најдобрите во Серија А. Тоа е тренерот Масимилијано Алегри кој е прогласен за тренер на годината. За Алегри ова е четврто вакво признание.