Connect with us

Фудбал

Икарди: Ние не сме анти-Јувентус, малку фали да бидеме како нив

Екипата на Интер оствари уште една победа во Серија А и тоа против уште еден кандидат за врвот, односно за Топ 4 пласман или во случајот Лацио.

Клубот од Милано славеше со 3-0, а главниот збор го имаше капитенот Мауро Икарди кој постигна два погодоци или поточно дојде до бројката од шест голови во сезоната. Капитенот е задоволен од својот голгетерски учинок како и поради фактот што екипата со одлични резултати дојде до второто место во шампионатот.

– Јас минувам низ период на добра форма заедно со Интер. Играме добро, ако го тргнеме на страна мечот со Барселона, сакаме да бидеме уште подобри. Ние не сме анти-Јувентус, затоа што ние сме само на неколку чекори да го достигнеме она што тие го направија во последниве години, ама ние сме среќни со она што го правиме. Ние сме на вистинскиот пат и сакаме да продолжиме. Тимот се подобрува, работиме на подобрување и играта на топка, нешто што одлично го завршивме денеска. Најдовме добри празни простори и потези за головите како одраз на работата што ја извршуваме секој ден на тренинзите, – истакна Икарди.

Извор: Derbi.mk