Фудбал
Илчо Ѓорѓиоски потпиша договор со Брегалница до 2025-та!
Брегалница потпиша договор со Илчо Ѓорѓиоски за соработка на уште три години, до јуни 2025.
-Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот долгорочен пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал, изјави Кирил Гогов, прв човек на штипскиот тим.