Фудбал
Има 16 години, дебираше за Арсенал и влезе во историјата (ВИДЕО)
Голманот на лондонски Арсенал Џек Портер постави нов клупски рекорд.
Вчеравечер 16-годишниот голман влезе на теренот од првите минути во натпреварот од 3. коло од англискиот Лига куп против Болтон (5:1).
Портер стана најмладиот фудбалер кој некогаш играл на официјален натпревар во првиот тим на „Топџиите“. На денот на неговиот деби натпревар, неговата возраст беше 16 години и 72 дена.
Оваа сезона Портер успеа да игра и за младинскиот тим на Арсенал до 21 година, како и репрезентациите на Англија до 17 и до 18 години.
"Everybody I've spoken to said that he's up for the challenge" 💪
What a night for 16-year-old Jack Porter 🧤 pic.twitter.com/dC2Vsv8UPl
— Sky Sports Football (@SkyFootball) September 25, 2024