Connect with us

Фудбал

Има надеж за него: Ренато Санчес доби понуда

Во 2016 година, Баерн Минхен издвои 35 милиони евра за Португалецот Рената Санчес, но наскоро сфатиле дека се излажале.

Санчес во Минхен не може да се „соедини“ со топката, па оваа сезона беше испратен на позајмица во Свонси, но и таму не „блесна“ и беше една од најголемите грешки во Премиер лигата за кој „лебедите“ платиле дури 8,5 милиони.

Младиот 21-годишен Португалец ќе се врати во Баерн на крајот на сезоната, но не него, веројатно нема да смета ни новиот тренер на баварскиот клуб Нико Коваќ.

Сепак, се чини дека Санчес му се насмевнува нов ангажман. Неговиот поранешен тим, Бенфика сака да го ангажира на едногодишен заем со можност за откуп.

Сигурно е дека овој играч од средниот ред би можел малку да заживее во овој клуб. Бенфика е негова прва љубов и тој ќе има шанса да игра сигурно.