Connect with us

Фудбал

Имаме објаснување: Зошто Феран Торес играше без грбот на Барселона и спонзорите на дресот?

Барселона ремизираше со Наполи 1:1 во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лига Европа.

Херој на Барселона со постигнатиот гол, но и трагичар поради неколку пропуштени прилики, беше Феран Торес, а за него се поврзува една бизарна ситуација од синоќешниот натпревар.

Имено, Торес во вториот дел играше без грбот на Барселона и спонзорот на клубот на дресот и никому не му беше јасно што се случува.

Сега шпански „АС“ објави многу логично објаснување, а за сите најважно е дека не се работи за протест или намерна грешка.

Станува збор само за печатна грешка, која не ја забележале ниту Феран Торес, ниту штабот на Барселона.

Да потсетиме, Торес во првото полувреме играше со нормален дрес, за на полувремето да се пресоблече и да привлече големо медиумско внимание со вториот дрес.

Инаку, Торес синоќа по натпреварот беше многу емотивен и заплака пред широката публика.

Торес синоќа можеше да биде целосен херој на Барселона. Во самиот финиш од мечот имаше две фантастични можности да го постигне вториот гол и да и донесе на Барса целосен пресврт, но на крајот беше непрецизен.

Напаѓачот на Барса тешко ги поднесе тие промашувања, што беше видливо на крајот од натпреварот кога дури и заплака, па јасно беше колку сака да биде херој на својот тим синоќа и да му донесе предност на тимот пред реванш во Неапол.