Connect with us

Фудбал

Имавме многу жени, но ако трениравме како денешните фудбалери, ќе имавме дупло повеќе“

Фудбалерите отсекогаш биле мамка за жените.

Роналдо Назарио да Лима е секако еден од најдобрите играчи досега. Неговата кариера беше обележана со бројни повреди и сигурно можеше да даде уште повеќе доколку колената му беа подобри.

Бразилец како Бразилец, Роналдо го сакаше животот надвор од теренот. Уживаше во забавите и доцните ноќи каде и да играше.

На почетокот на неделава, Роналдо гостуваше на ТВ Бобо, чиј водител беше Кристијан Виери, легендарниот играч на Интер и поранешен соиграч на Роналдо.

Една од темите беше фудбалот сега и тогаш. Роналдо не можеше да не ги спомне девојките.

„Имавме многу жени, да трениравме како денешните играчи ќе имавме двојно повеќе и којзнае што ќе покажевме на теренот“, изјави 45-годишниот играч.

Роналдо во текот на кариерата неколку пати се женеше и се разведуваше, а моментално е во врска со 13 години помладата Селина Локс.

Легендарниот напаѓач изјави дека играл во погрешно време бидејќи сегашните фудбалери иако не се подобри по квалитет, заработуваат многу пари.

„Дефинитивно, игравме во погрешно време (се смее). Фудбалската индустрија расте толку многу што е фер играчите да добиваат се повеќе и повеќе пари“.

Роналдо не зборуваше само за заработката, туку и за начинот на кој тренира, кој сега е сосема поинаков отколку во негово време.

„Нашите генерации имаа многу лоши тренинзи, се сеќавам дека морав да трчам шест-седум километри кои не ми требаа бидејќи бев спринтер. Би правел по 30-35 спринтови на натпревар, можев и 40, но Не можев да ги убедам тренерите дека не ми требаат толку километри“.

„Головите што ги постигнав откако се надиграв со тројца или четворица играчи? Не можете да научите нешто такво на тренинзите. Со Хецетор Купер моравме да трчаме три километри за да се загрееме. За среќа, работите се променија со текот на времето“, изјави Роналдо.