Connect with us

Фудбал

Инфантино: Најдобрата групна фаза во историјата на Мундијалите

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изјави дека групната фаза на Светското првенство во Катар е „најдобрата во историјата“ и рече дека неуспесите на големите репрезентации и бројот на селекции кои напредуваат укажуваат на тоа дека фудбалот станува се поглобален.

Поранешните шампиони Аргентина, Шпанија, Германија и Бразил претрпеа изненадувачки порази во групната фаза, додека Африка, Азија и Северна Америка беа претставени во осминафиналето, со традиционалните моќници од Европа и Јужна Америка.

Инфантино рече дека натпреварите се играле на прекрасни стадиони и привлекле ТВ публика од над две милијарди гледачи.

„Фантастична атмосфера, одлични голови, неверојатни возбудувања, изненадувања, мали тимови победуваат големи тимови“, рече тој.

„Па, нема повеќе мали и големи тимови. Нивото е многу, многу изедначено. И за прв пат репрезентациите од сите континенти беа во нокаут фазата, за прв пат во историјата. Ова покажува дека фудбалот е навистина станува глобален“.

Инфантино се заложи за проширување на Светското првенство од 32 на 48 селекции за следното издание, кое ќе се одржи во 16 градови во САД, Канада и Мексико во 2026 година.