Connect with us

Фудбал

Инсиње промаши пенал, но Наполи победи, има шанси за титулата, сепак само математички (ВИДЕО)

Екипата на Наполи успеа да забележи нова победа во Серија А. Денеска го совладаа Торино во 36.коло од италијанското првенство.

Гостите кои се уште се во игра за титулата, но само математички, беа подобар ривал во текот на целиот дуел, на крајот заслужено слaвеа, но со минимален резултат.

По првите 45 минути немаше голови, за Наполи да биде многу подобар во продолжение, Лоренцо Инсиње дури промаши пенал во 60. минута, но се му се врати во 73. минута од играта.

Потоа Фабијан Руиз направи се, прво ја зеде топката на средината на теренот, нафрли едниот, другиот, на крајот излегов пред голманот и погодив за 0:1.

Наполи сега има 5 бода помалку од Интер на две кола до крајот на шампионатот, но доколку Милан утре ја совлада Верона, шансите за титулата ќе ги нема.
Инаку, Елиф Елмас во игра влезе во 77-ма минута токму на местото на Инсиње.

Реклама

Facebook