Connect with us

Фудбал

Интер го „прегази“ Лацио во Рим

Во едно од дерби натпреварите на 10. коло од италијанската Серија А Лацио го пречека Интер, кој дома се враќа со трите бодови, после одличниот натпревар и победата од 3:0.

Интер стигна до седмата победа и се проби на второто место со 22 бодови, шест бодови помалку од лидерот на табелата Јувентус. Тимот на Спалети игра фантастично во последно време и има осум победи на последните девет натпревари.

Во Рим лесно дојдоа до победа затоа што фудбалерите на Лацио прилично индиспонирани, а нивната мрежа прв ја затресе Мауро Икарди во 28. минута.

Во 41. минута Марсело Брозовиќ погоди за 2:0, па Интер мирно го започна второто полувреме. Лацио не се откажуваше од напаѓачката игра, но Самир Хандановиќ не дозволи да се затресе мрежата до самиот крај.

Одличниот Икарди во 70. минута ја завери победата на Интер, кој во наредното коло ќе му гости=ува на Џенова.