Connect with us

Фудбал

Интер и Барса се договориле, само еден играч за размена?!

На крајот се чини дека Барселона донесе одлука, нов напаѓач по секоја цена ќе биде Лаутаро Мартинез. Поточно Барселона се обидува да заштеди. На Интер наводно му е понудено 90 милиони евра плус Артуро Видал, што се доаѓа до сумата која стои во клаузулата на младиот Аргентинец која изнесува 111 милиони евра.

Се шпекулираше за пари плус Самедо, но се чини дека Интер не е толку заинтересиран за Португалецот, а Конте наводно го сака само Видал со кого работеше во Јувентус.

Во овој момент Интер не размислува за нов напаѓач, но Марота работи на неколку идеји. Сепак, прво треба да се продаде Икарди. Се спомнува Лука Јовиќ од Реал, но примарната цел веројатно ќе биде Обамејанг од Арсенал, ако успеат да земат пари од Икарди. Исто така клубот го сака Вертонген од Тотенхем кој ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната.

Ако не успее со Обамејанг, се спомнува Дуван Запата од Аталанта. Мали се шансите да биде откупен Алексис Санчез бидејќи има огромна плата од која би требало да се откаже доколку сака да остане во Милано.