Connect with us

Фудбал

Интер и Јувентус, ќе се борат за пехар во Саудиска Арабија

Интер е шампион, Јувентус го освои италијанскиот Куп, па се чека нивниот дуел во Суперкупот. Според италијанските медиуми мечот ќе се одигра во јануари и тоа во Саудиска Арабија. Последните неколку години, се разбира поради профит, Суперкупот се игра надвор од Италија, освен за минатата сезона поради пандемијата со коронавирусот. За оваа сезона, која штотуку заврши, Суперкупот повторно ќе се одигра во Саудиска Арабија како во 2018-та и 2019-та година.

Информацијата ја потврдил и првиот човек на Серие А, Паоло дал Пино.