Connect with us

Фудбал

Интер ја сака ѕвездата на Баерн

Интер е заинтересиран да го купи Томас Милер и ќе се обиде да го размени со Иван Перишиќ доколку им се даде можност.

Германецот јасно стави до знаење дека е незадоволен од Баерн Минхен и „Билд“ тврди дека ќе замине во јануари затоа што нема место за него во составот.

Според Калчо метрико“, Интер е заинтересиран за Милер и се подготвени да го пробаат неговиот потпис во јануари, користејќи го и Перишиќ во трансферот.

Баерн има опција да го купи Перишиќ за 25 милиони евра и Хрватот добро ја започна својата авантура во Германија. Добрите односи меѓу двата клуба би можеле да го финализираат овој договор.