Connect with us

Фудбал

„Интер може да го освои првенството“ – тренерот на Лацио ја изненади Италија

Во среда Лацио му гостува на Интер, а тренерот Симоне Инзаги изненади со својата изјава пред мечот. Тој смета дека тимот на Конте би можел да го освои првенството. Интер одлично ја започна сезоната и во првите четири натпревари освои максимален број на бодови. Утрешната средба доаѓа по миланското дерби и небесно плавите ќе се обидат да ја запрат екипата на Конте.

“Тоа ќе биде убав натпревар против силен тим. Сакам храброст и многу пожртвуваност. Мораме да бидеме заедно и да соработуваме едни со други, бидејќи времето за подготовки за натпреварот беше кратко. Ние ќе се соочиме со еден тим со големи очекувања што има одличен тренер.

„Враќањето на Конте и Сари беше важно. Го почитувам Конте како тренер, откако започна од нула и сега на врвот. Се сретнуваме честопати надвор од теренот, и зборуваме многу за фудбалот. Овој Интер може да се натпреварува за титулата“, рече Инзаги.