Connect with us

Фудбал

Интер најде решение, Наинголан за трампа за младиот виртуоз од средниот ред

Интер и Каљари тргуваа минатото лето. Николо Барела од Сардинија пристигна на „Џузепе Меаца“, додека Раџа Наинголан замина во спротивна насока. „Неруазурите“ тогаш на Каљари му исплатија 12 милиони евра, а останатиот дел од вкупно 41 милион треба да го платат во наредните неколку месеци. Наинголан во Каљари замина како позајмен играч.

Тој не сака да се врати во Милано, па Интер ќе го вклучи во целата зделка. Го ценат 19 милиони евра, па сетајќи ги оние 12 претходно, на „нероаѕурите“ ќе им останат уште 10 милиони за исплата за Николо Барела, кого го нарекуваат уште виртуоз од средниот ред и кој имаше одлична сезона досега во Интер.

Сепак, Наинголан ќе мора да се откаже од дел од платата бидејќи Каљари не може да ги плаќа оние 4,5 милиони евра кои ги имаше во Интер.