Connect with us

Фудбал

Интер се „коцкаше“ и загуби, еден од најдобрите се договори со Челзи!?

Крилниот напаѓач на Интер Иван Перишиќ наводно ги договорил сите услови со англискиот премиерлигаш Челзи, чии редови ќе ги засили по официјалното истекување на договорот со Италијанците на крајот на јуни. За ситуацијата со Перишиќ извести Сандро Сабатини од Спортмедиасет, кој тврди дека дошло до промена во иднината на хрватскиот репрезентативец, кој во последните години е еден од клучните играчи на Интер. Се наведува дека тој веќе практично се согласил да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

Челзи на играчот му понуди двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра, што беше повеќе од она што Интер беше подготвен да му го понуди.

Неговото заминување би било навистина голем хендикеп за Интер, но „нероаѕурите“ требаше порано да размислат за тоа. Сакаа да му дадат помала плата во новиот договор, на крајот да загубија еден од најважните членови.

По освојувањето на Купот пред неколку дена, Перишиќ проговори за својот статус.

„Не знам што ќе се случи со продолжувањето на договорот со Интер, но не можете да се обидувате сето ова да го решите на овој начин. Ваквите ситуации не се решаваат на овој начин со важни играчи, изјави Перишиќ.

33-годишниот Хрват има постигнато девет гола на 47 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања за клубот во кој е од 2015 година кога пристигна од Волфсбург, а пред тоа настапуваше за Клуб Бриж и Борусија Дортмунд, а беше извесно време на позајмица во Баерн Минхен. Во финалето во Купот на Италија со Јувентус во средата постигна два гола во екстра времето за победа на Интер од 4:2.