Connect with us

Фудбал

Интер се предомислува и постави друга игра за Барса, Лаутаро е ваш за трио плус пари

Лаутаро Мартинез 99% ќе биде играч на Барслеона, само прашање е начинот на кој ќе биде реализаран трансферот од Интер. Барем така пишуваат шпанските, но и италијанските медиуми. Иако се шпекулираше дека Интер ќе се задоволи со Артуро Видал плус 90 милиони евра, сепак „Тутоспорт“ тврди поинаку.

Антонио Конте смета дека играчот за врска Артур Мело, кој е помлад би бил подобро решение, а заедно со него и Карлос Алења, кој е на позајмица во Бетис. Заедно со овие двајца, Конте наводно го сака и стоперот Жан Клер Тодибо, кој игра на позајмица во Шалке. Но, тоа не е се, покрај овие тројца, Интер сака и пари.

Не е познато дали Барселона се согласила на вакви преговори, но веројатно нема да биде тешко тоа со оглед дека со позајмиците практично се откажа од Алења и Тодибо, а Артур игра по принципот топло-ладно.