Connect with us

Фудбал

Интер со серијал: Упорноста на Мота и Пандев која не искачи на врвот на Европа

Нема фудбал во светот. Првенствата кои се играат во моментов, кога владее коронакризата можат да се набројат на прсти. Поради тоа клубовите на секој начин преку социјалните мрежи се обидуваат да ги анимираат фановите.

Еден од нив е Интер. „Нероаѕурите“ прават серијал. На ред е третата епизода, во која во фокусот, односно главна ѕвезда е Горан Пандев.
Насловот на епизодата е: Упорноста на Мота и Пандев која не искачи на тронот на Европa.

Ова е само најавата, целосната емисија на пошироката јавност треба да биде достапна наскоро.