Connect with us

Фудбал

Интер тргнува по најдобриот стрелец во историјата на Наполи, но претходно мора да го „откачи“ Санчез

Интер се обидува да се ослободи од Алексис Санчез ова лето, но навистина не успева. Чилеанецот има огромна плата, една од најголемите во тимот, а не е во плановите на тренерот Симоне Инзаги за следната сезона.

Само Лукаку е повеќе платен од Санчез, а Ромелу тоа го заработи со одличните игри во претходниот престој во Меаца, додека Чилеанецот немаше ни приближно толку важна улога во тимот. Претежно беше „џокер“, па најдобро би било Интер да се „ослободи“ од неговите примања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека заминувањето на Санчез би ослободило место за доведување на сега слободниот Дрис Мертенс, кој неодамна го напушти Наполи по девет години.

Мертенс има 35 години и со уште една или две сезони на врвно ниво, неговата плата не би била ни приближно висока како на Санчез, што би го олеснило буџетот на Интер, а Инзаги би добил играч со сличен квалитет.

Интер оствари контакт со Белгиецот, но ќе биде многу тешко да го продаде Санчез.