Фудбал
Интер во финансиски проблеми, побарано од фудбалерите да се откажат од ве плати, рекле ДА, но под еден услов?!
Екипата на Интер само што ја освои шампионската титула во Италија по пауза од 11 години, веднаш проблеми. Пандемијата со коронавирусот предизвика проблеми во финансиите на многу екипи во Европа, па и светот, па така и на Интер. Стивен Жанг, сопственикот на Интер имал состанок со фудбалерите, односно целиот тим, на кој побарал од нив да се согласат да се откажат од двете плати кои им ги должи тимот, со цел финансиско стабилизирање. Фудбалерите се согласиле, но имале еден услов, а тоа е Антонио Конте да остане тренер и следната сезона. Секако, сопствениците на Интер сакаат тоа да се случу, но не се знае дали истото го сака Конте. Тој бара гарагнции, кои во моментов не може да му бидат ветени. Станува збор за пари за засилувања, одредени фудбалери, но и финансиска стабилност.