Connect with us

Фудбал

Инзаги е загрижен за ситуацијата на СМС

Тренерот на Лацио Симоне Инзаги е свесен дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти клубот.

Сега се појави информација дека Челзи за српскиот репрезентативец нуди 115 милиони евра и Чарли Мусонда, а Инзаги знае дека лесно би можел да остане без еден оф важните играчи.

„Многу се зборуваше за иднината на Милинковиќ-Савиќ затоа што тој е играч кој е во состојба да го промени ритамот на натпреварот. Разговарав со него, тој сакаше да дојде на тренинг два дена пред крајот на одморот, но јас му порачав да се одмори и да дојде по завршувањето на одморот. Тој е среќен во Рим, но како што знаете, во преодните рокови се е можно. Доколку тој замине, ние би имале голем проблем и ситуацијата би била баш компликувана“, рече Инзаги.

Покрај Челзи интерес за СМС покажаа и Мначестер Јунајтед и Јувентус.