Connect with us

Фудбал

Инзаги секако не се надеваше на ова

Легендарниот Филипо Инзаги повеќе не е тренер на Бреша.

Оваа одлука е изненадувачка со оглед на тоа што Бреша е на третото место во Серија Б, но соработката беше прекината.

Се чини дека одлуката е донесена поради ремито со Козенца на гости (0:0), по што овој тим не успеа да се доближи до лидерот на табелата.

Така Инзаги ја напушта Бреша по година и пол.

На негово место веќе е назначен Диего Лопес, третпат во последните две години.

Филипо Инзаги ја започна својата тренерска кариера во младиот тим на Милан во 2012 година, а првиот сениорски ангажман му беше во Росонерите.

Сепак, Милан одигра многу слабо. Сезоната ја заврши само на 10. место и Инзаги го напушти клубот.

Потоа Пипо работеше во Венеција, Болоња и две сезони во тимот на Беневенто.

Секако, Инзаги има многу подобра фудбалска кариера во која освои апсолутно се со Милан и Јувентус.

Покрај двајца великани, тој настапуваше и за Пјаченца, Албинолефе, Верона, Парма и Аталанта.