Connect with us

Фудбал

Исени и Петковски повикани во младата селекција на Македонија

Екипата на Вардар во следниот период ќе даде уште двајца репрезентативци. Со денешното објавување на списокот на младата селекција, селекторот Благоја Милевски смета на играчите на „црвено-црните“ Бесар Исени и Петар Петковски за квалификацискиот натпревар против Австрија, кој што ќе се игра на 14 ноември во Скопје.

Петковски веќе неколку месеци е дел од репрезентацијата до 21 година, додека Бесар Исени дебитираше на минатиот натпревар.

Претходно во сениорската селекција на Македонија беа повикани Висар Муслиу, Дарко Велковски и Бобан Николов кои ќе настапат на пријателскиот дуел против Норвешка на 11 ноември на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.