Фудбал
Искусниот Реина и официјално потпиша за Лацио
Искусниот шпански голман Пепе Реина денес официјално потпиша за Лацио.
Реина стана слободен агент откако му истече договорот со Милан, но набрзина најде нов ангажман.
Имено, овој 38-годишен голман денес официјално потпиша едногодишен договор за Лацио, со опција да го продолжи за уште една сезона.
Претходната полусезона ја помина на позајмица во Астон Вила, но англискиот клуб не му понуди договор. Откако се вратил во Италија, бил контактиран од Лацио, со кого постигнал експресен договор.
Comunicato ufficiale: José Manuel Reina Páez
✍️ https://t.co/6zPmVNKaxl pic.twitter.com/JrQTf7b5lZ
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) August 27, 2020