Connect with us

Кошарка

Историја, Леброн Џејмс заедно со неговиот син во дресот на Лејкерси на стартот од НБА сезоната! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите емоции по неговиот прв натпревар со синот Брони Џејмс во НБА-лигата.

Ноќеска Лејкерси ја победија Минесота (110:103) во воведниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс Јуниор одигра речиси три минути и забележа еден скок.

– Никогаш нема да го заборавам овој момент. Колку и да стареам, колку и да ми се влошува меморијата со годините, никогаш нема да го заборавам тој момент. Имавме задача и ја исполнивме. Не се обидувавме ова да го претвориме во циркус. Не се обидовме да го направиме тоа за нас. Сакавме да придонесеме за тимот, да излеземе на теренот и да продолжиме да играме кошарка каква што сакаа стручниот штаб и нашите соиграч. Се задржавме на тоа. И тоа беше добро за сите нас, изјави Леброн Џејмс за „ESPN“.

Лејкерс забележаа победа со 110:103.