Connect with us

Фудбал

Истрагата конечно заврши: Нејмар и Алваро Гонзалес дознаа за одлуката за суспензија

Пред неколку недели ПСЖ и Марсеј играа на „Паркот на принцовите“, а натпреварот го одбележа тепачка помеѓу играчите на овие тимови.

Имено, во самиот финиш на натпреварот се водеше тепачка помеѓу играчите на ПСЖ и Марсеј, а судијата покажа дури пет црвени картони. Најлош беше Курзава со казна од шест натпревари, додека Нејмар и Леандро Паредес беа казнети со по два меча.

Сепак, сагата околу Нејмар продолжи откако тој ги обвини играчите на Марсеј дека го навредувале на расна основа. Но, овој клуб одговори и тие рекоа дека имаат докази дека Нејмар всушност го навредува Хироки Сакаи.

Со денови се пишуваше дека на Нејмар му се заканува нова суспензија до 20 натпревари, што ќе биде удар за него. Покрај тоа, дел од истрагата беше и играчот на Марсеј, Алваро Гонзалес, кој наводно бил оној кој расистички го навредувал Бразилецот.

Сепак, вечерва беше објавено официјално решение дека истрагата е завршена и дека Нејмар и Алваро се извлекоа. Имено, никој од нив не беше казнет затоа што немаше доволно докази.