Connect with us

Фудбал

Италија не избори пласман на Светското првенство во Русија, Шведска поуспешна во двомечот

Светското првенство кое што следната година ќе се игра во Русија ќе биде без селекцијата на Италија, откако тие беа испаднати од Шведска во плеј-офот.

Вечерашниот натпревар во Милано заврши 0-0, што беше доволно за гостите од Шведска, кои што во првиот натпревар славеа со минимални 1-0 на домашен терен.

Извлекувањето на групите за Светското првенство кое што ќе се игра во Русија ќе се одржи на 1 декември во Москва.