Connect with us

Фудбал

Италијаните најавија сензационален трансфер на Дарио Срна

Дарио Срна во летниот преоден рок би можел да направи прилично изненадувачки трансфер.

Тоа е веста која ја пласираа италијанските медиуми, наведувајки дека Срна по само една година помината на „Сардинија“ би можел да ги спакува куферите и да се врати во Хрватска.

Наводно 37-годишниот Срна во своите редови сака да го види Хајдук во кој воедно ја започна и кариерата, а трансферот не е невозможен, поготово доколку се земе предвид претходно повеќе пати кажа дека сака да се прости од фудбалот „на свој терен“.

„Она што Торцида може да го направи на стадионот, каква атмосфера, ма тоа не го може никој. Им симнувам капа, за мене тоа е неверојатно. Сега се ежам на својата помисла, таму видов многу стари навивачи, во тимот тие моменти те влече за срцето и само сакам Хајдук да го освои првенството и Купот. Да биде вистинска „фешта“ во Сплит“, кажа минатото лето додека го гледаше натпреварот во Сплит.

Сигурно дека ниту во Каљари не би имале ништо против заминувањето на Срна, најмногу поради големите примања кои ги има, но бившиот капитен на Хрватска себе си даде малку време да размисли и да дојде до заклучок што е најдобро за него.

Зад Срна е богато искуство кое брои шест големи натпреварувања и натпревари на највисоко ниво во Лигата на шампионите, така да нема дилема дека би било и тоа како големо засилување во младиот тим на Хајдук, но останува да се види дали ќе дојде до договор.

Последен пат Срна го носеше дресот на Хајдук во 2003. година кога се пресели во украински Шахтар од кој и пристигна во Каљари.

Во оваа сезона Срна го носеше дресот на Каљари 26 пати во првата сезона во Серија А и запиша четири асистенции.