Connect with us

Фудбал

Италијански министер ги разочара фановите: Серие А, тешко!?

Откако пред само неколку дена премиерот Џузепе Конте зборуваше за можноста Серие А да продолжи, со попуштањето на мерките, славењето на Италијанците брзо заврши.

Министерот за спорт Виченцо Спадафора, кој беше најоптимистичен цело време, тврди дека Италија се ближи на француското сценарио според кое до септември ќе бидат забранети сите спортски натани.

-Дали ќе продолжи и кога Серие А? Ако сакаме да спречиме било каков ризик од ширење на коронавирусот, би требало да ги следиме примерите на Холандија и Франција. Искрено такво сценарио е се поблиску и кај нас, вели министерот за спорт.